Малите борци од Неонатологија добија подароци од хуманите луѓе

Невладината организација „Куќа на среќата“ соопштија дека успеале да подарат 40 спакувани пакетчиња со подароци за малите бебиња сместени на Клиниката за гинекологија, конкретно на ОИНТ.

Посакуваме овие деца што побрзо да излезат од тука и да се радуваат со мама и тато. Вашите желби и пораки се пренесени, вашата позитивна енергија е пренесена, љубовта која вие ја дадовте со вклучувањето во оваа акција ја однесовме и пренесовме, порачаа од организацијата. 

Во оваа акција се вклучи и Хуманитарна организација "Свети Спас".