Краткиот игран филм „Ќе дојдат децата" во режија на Ана Јакимска ќе се прикажува на 20-тото издание на Шангај Филм Фестивал што од утре до 26 овој месец ќе се одржува во Кина.

Филмот на Јакимска ќе биде прикажан во официјална селекција каде ќе се натпреварува за престижната награда Голден Гоблет.

„Ќе дојдат децата" е базиран на македонскиот фолклор и раскажува приказна за Велика, млада учителка која е испратена во едно планинско село да предава.

Улогите ги толкуваат Наташа Петровиќ, Шенка Колозова и Владимир Петков – Шкаља.

Филмот е во продукција на КРУГ Филм, а финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија.