Македонската полиција ги бара: Исчезнаа малолетник, тинејџрка и пензионер

Три лица се пријавени за исчезнати за само еден ден.

Полицијата информира дека во привиот случај, во 21 часот и 30 минути 48-годишниот С.Т. од скопско Миладиновци, пријавил дека во 08 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка.

Се работи за 19-годишната С.Т. од која нема трага ни глас.

Исто така, во Полициската станица Чаир, социјален работник во Домот „25-ти Мај“ пријавил дека на 18. околу 19.30 часот 17 годишен штитеник се оддалечил од домот во непознат правец. 

Потоа, во 01,00 часот во Полицијата во Сарај се јавил 45-годишниот Т.А. и пријавил дека на 20 неговиот татко Е.О.излегол од домот со возило “Застава 101“ и заминал во селото Горни Грчец со намера да се прошета.

69-годишнито старе веќе не се вратил. 

Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицата.