Снајперистите Тигри врвни стрелци во светот, ЕБР и ПЕП го држат приматот во државата. Специјалците од ЕСЗ Тигар повеќе од 10 години се меѓу првите 5 на светските натпреварите во воено-полициски снајперизам.

Знаат да ги користат сите видови оружје. Тие се тупаница на законот во критични ситуации. Да си дел од ЕБР е гордост, не се штитиме кога е во прашање сигурноста и стабилноста, на земјата. Но, оваа работа е и голема одговорност, вели припадникот на ЕБР, кој својата вештина како еден од најдобрите стрелци во државата не ни ја кажа со зборови туку ни ја покажа со „тавор“ на стрелиштето во базата.
Бројните златни медали, плакети и пофалници како најдобри стрелци во државата, ги красат и припадниците на посебниот состав на полицијата за поддршка ПЕП. Тие се дел од обичната полиција, но нивната обука и начин на работа се разликува од редовниот полициски состав. Својата стрелачка вештина ја демонстрираа пред камерата на Алфа.