Родените во периодот од 22 ноември до 21 декември се родени под владеење на планетата Јупитер, што ги прави еден од најдобрите знаци во хороскопот. Станува збор за Стрелците. Се прашувате што значи тоа и на кој начин се формира нивниот карактер?

Јупитер е планета на оптимизмот, напредокот, знаењето, среќата и патувањата. Може да се каже дека овие луѓе се родени под среќна планета.

Но, тоа не значи дека сите врати во животот им се отвораат без тропање и дека сите нешта ги добиваат лесно, туку дека се полни со енергија, оптимизам и верба така што остваруваат се што ќе замислат. Тие се полни со жар и енергија со кои можат да освојат се што ќе посакаат.

Една од нивните најсилни карактеристики е оптимизмот, така што секогаш гледаат светло на крајот на тунелот. Тоа е особено корисно за нив кога се борат со стресот и тешките ситуации. Друга важна карактеристика е нивната искреност, или пак брутална искреност, така да кажеме. Немојте да ги прашувате за мислење ако не сакате да ја чуете целосната вистина. Тие воопшто не се тактични и им одат на нерви на некои луѓе, поради тоа.

Родените во овој знак знаат да бидат вистински бубалици на училиште, но дополнето со нивната интелигенција и мудрост, може да им донесе многу успех во животот. Тие секогаш сакаат да научат нешто ново.

Стрелците се одлични да проценат меѓу добро и зло. Имаат високо изразено чувство за морал. Освен тоа, прилично се дарежливи и сакаат да им помогнат на другите без да очекуваат нешто за возврат.

Тие се амбициозни и поставуваат високи цели за себе, кои често и ги исполнуваат. Сакаат да сонуваат и веруваат дека со многу труд, соништата секогаш се исполнуваат. Не дозволуваат ништо да им застане на патот.