“Љубов”— изложба на дизајнирани постери во Public Room

Изложба на дизајнирани постери инспирирани од 100-годишнината од Меѓународна федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која ова година во целиот свет се одбележува под мотото “Љубов” ќе биде отворена денеска во Public Room во Скопје.

Како што информираат од Црвениот крст на Град Скопје, постерите во изминатите три месеци се изработувани од страна на студентите од Академијата за графички дизајн– при СЕМОС едукација.

Настанот се реализира во рамки на неделата на Црвениот крст која се одбележува од  08 до 15 мај, а има за цел да промовира волонтерство, доброволна работа, помош и поддршка во заедница.