Познатиот роман „Војна и мир“ на Лав Толстој во себе содржи многу поучни реченици и приказни за човековата добрина и лудост, љубомората и семејните односи. Но, сепак многу за тоа можеме да научиме и од животот на овој голем писател.

Толстој (1828-1910) е припадник на руското племство, а неговото семејство поседувало голем имот и слуги. Раните години на овој писател биле исполнети со разврат, насилство, но и немора л. Тој велел „губев на карти, им изрекував казни на селаните, живеев во разврат, ги лажев луѓето“.

Но, тој постепено го отфрлив ваквиот начин на живеење , како и наследените уверувања за своето  аристократско потекло, усвојувајќи неконвенционален поглед на светот кој ги шокирал многумина. Но, како неговото животно искуство може да ни помогне да ја преиспитаме сопствената филозофија на животот?

Бидете со отворен ум

Еден од неговите најголеми таленти била неговата способност и подготвеност да го промени својот став на основа на новите искуства. Ужасното крвопролевање на кое бил сведок додека војувал во Кри, го претворило во пацифист. Откако седум години подоцна бил сведок на јавно погубување во Париз, станал убеден противник на државата и нејзинитњ закони, верувајќи дека владите не се само брутални, туки и во служба на богатите и моќни. Тој истакнал дека државата е само завера, дополнувајќи дека нема да служи веќе на ниту една влада, никаде во светот. Така, тој станал анархист.

Покажете емпатија

Тој покажал невообичаена способност за емпатија, ставајќи се во состојбата на луѓето чии животи биле различни од неговиот. Во текот на 1860-тите не само да облекол облека како што носеле селаните, туку почнал да работи и со работниците на неговиот имот, орајќи го полето и поправајќи ги неговите домашни работи. За останатите од неговата класа, тоа било многу неверојатно. Тој уживал во друштвото на селаните и свесно се движел со книжевните елити во градовите. Тој тврдел дека никогаш нема да можеш да го разбереш туѓиот живот додека не го искусиш.

Направете нешто за другите

Толстој исто така се разликувал од останатите припадници на високата класа по тоа што преземал одредени активности за да го олесни тешкиот живот на другите луѓе, што најдобро можело да се види од неговата работа на нудење помош на гладните. По пропаднатата жетва од 1873 година, Толстој престанал да ја пишува Ана Карењина цела година, за да може да организира помош за гладните. Неговото семејство ја сметале неговата одлука за луда, но потоа тој почнал да ја пишува и денес знаеме дека Ана Карењина е едно од најдобрите дела во светот на книжевноста.

Совладајте ги вештините на едноставното живеење

По нервниот напад кој го доживеал во 1870 година, Толстој ја отфрлил својата религија, вклучувајќи ја и Православната црква со која пораснал. Така, тој прифатил една револуционерна гранка на христијанството заснова на духовното и материјално воздржување. Престанал да пие и пуши и станал вегетаријанец. Исто така, бил инспириран да создаде утопистичка заедница во која се живее едноставно и самостојно и каде целиот имот е заеднички. Ваквите заедници се прошириле во светот и го инспирирале Ганди на истото.

Проширете го својот општествен круг

Најважната животна лекција од Толстој е преиспитувањето на своите претпоставки и предрасуди и развивање нови начини за набљудување на светот, така што ќе се окружиме со луѓе чии ставови и стил на живот се разликуваат од нашиот.