„Лавиринт“ - нова содржина за децата во Чаир!

Во населбата Топанско поле во општина Чаир, кај спортскиот терен, од вчера е најинтересниот зелен дел лавиринтот.

Се работи за лавиринт изработен од зимзелени садници во кружна форма, кој како нова зелена содржина е занимливост за најмладите.

Вчера во присуство на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу и Директорот Ардијан Муча беше промовиран новиот уреден едукативен и забавен простор.Изминатиот период интензивно се подготвуваше овој заеднички проект на Град Скопје, општина Чаир и ЈП „Паркови и зеленило“.

Овој проект опфати уредување на дел од зеленилото , едукативен и забавен простор за деца, поставување на урбана опрема, ново осветлување и нова патека за пешаци со што се овозможи на граѓаните уште едно место за одмор и рекреација.