Куферите во странство предизвикаа дефицит на возачи во ЈСП, објавен оглас за нови вработувања

Jавното претпријатие на својот веб протал објави оглас за вработување, иако во него не стои колку лица ќе се вработат.  Според огласот се бара кандидатите да имаат минимум завршено средно образование (IV степен), возачка дозвола Д категорија, работно искуство од минимум 2 години, флексибилност за работа во смени и професионално однесување. 

Како што стои во огласот, кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Од ЈСП за медиумите кратко одоговорија, точно е дека имаме потреба од нови возачи, бидејќи се' повеќе луѓе заминуваат на работа во странство, па поради тоа и постојано сме во дефицит со работен кадар.