Кривична за убиството во скопски Сарај

19-годишниот А.Ш. од селото Грчец заработи кривична поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

На 09. месецов во село Сарај во угостителски објект, поради меѓусебно нетрпение, настанала расправија помеѓу пријавениот и 20-годишниот Н.Р. од селото Копаница, по што пријавениот со остар предмет му нанел убодна рана во пределот на вратот на Н.Р. кој од нанесените повреди по некоклу дена починал.

Судија на претходна постапка на пријавениот му изрече мерка притвор во траење од 30 денови.