Кривична пријава за 15-годишник од Скопје: Осомничен за кривично дело „убиство во обид“

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 15-годишник од Скопје кој минатата во школскиот двор се обидел да го убие свој врсник.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 15-годишник од с.Кондово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

На 6. декември, минатата година околу 12.30 часот, во дворот на основно училиште во с.Рашче, скопско, пријавениот се обидел да лиши од живот друго 15-годишно лице од с.Рашче на тој начин што со употреба на нож со сечиво од околу 10см му нанел убодна рана во пределот на стомакот, по што се здобил со тешка телесна повреда.