Уживајте во оваа вкусна, кремаста торта со кикирики ...

Потребно е:
300 гр кикирики
150 гр чоколадо за готвење
100 мл млеко
2 лажици шеќер
1 лажица маргарин
5 јајца
8 лажици шеќер
500 мл слатка павлака за шлаг

Подготовка:
- Одвоите малку од кикириките и исецкајте ги со нож. Останатите кикирики сомелете ги.

- Во еден сад на рингла ставете ги млекото, 2 лажици шеќер и маргаринот. Кога ќе се загрее млекото додадете го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека да се растопи.

- Одвоите ги жолчките од белките.

- Белките изматете ги во густ шлаг заедно со 8 лажици шеќер.

- Во шлагот додадете една по една жолчка и изматете со миксер.

- Изматете ја слатката павлака и соединете ја со изматениот шлаг со жолчки.

- На чинија за сервирање ставете обрач од калап за торта и обложете го со хартија за печење.

- Сега почнете со редење на тортата. На дното распоредете од мелените кикирики.

- Одозгора рамномерно нанесете од изматениот крем и повторно ставете еден ред мелени кикирики. Посипете малку и со сецкани кикирики.

- Со лажица нанесувајте од растопеното чоколадо и правете шари.

- Сега ставете уште од кремот и израмнете. Над кремот ставете еден слој чоколадо, а над чоколадото повторно од кремот и израмнете.

- Посипете со кикирики и шарајте со растопеното чоколадо. Повторно ставете од кремот и израмнете.

- И уште еднаш посипете со кикирики и шарајте со неколку лажици растопено чоколадо.

- Вака наредената торта ставете ја во замрзнувач и кога убаво ќе се излади послужете ја.