Костовски: Продолжуваме со отстранување на дивоградбите во општина Бутел

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски денеска во населеното место Визбегово со поддршка од директорот на државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и МВР направи дополнителен увид на улицата „Јадранска магистрала“.

- Сè додека јас сум градоначалник на Општина Бутел законите ќе важат за сите подеднакво, без отстапки. Без разлика граѓаните секогаш во мене ќе имаат заштитник и човек кој ќе го спроведува законот, кажа Костовски.

По предходна постапка на општинските инспектори дел од стопанствениците започнаа процес на отстранување.

Пред неколку дена беше отстранет бесправно изграден објект на државна парцела во близина на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“.