Конференција за унапредување на правата на ЛГБТИ-заедницата

Дводневна национална конференција за унапредување на правата на ЛГБТИ-заедницата во Северна Македонија почнува денеска во Клубот на пратениците во Скопје, во организација на Министерството за труд и социјална политика и во соработка со Советот на Европа.

На официјалното отворање на конференцијата, како што е најавено, ќе се обратат министрите за труд и социјална политика, за внатрешни работи и за здравство, Мила Царовска, Оливер Спасовски и Венко Филипче, како и раководителот на СОГИ-одделот во Советот на Европа Елени Цецеку и копретседавачот на ЕРА, Билјана Гинова.