Комуналците ги изнервираа скопјани: Хаос и метеж во најфрекфентниот дел од денот

Работниците и камионот на „Комунална хигиена“ денес, но и изминатите денови беа причина за нервоза кај возачите во Скопје. Според фотографиите од коментарите на фејсбук групата „Ѕид на сообраќаен срам“ тие утрово предизвикаа вистински хаос во скопската населба Кисела Вода.

Дел од учесниците во сообраќајот ги оправдуваат и велат дека прописно си ја вршат својата работа и вината ја наоѓаат во несовесните возачи кои доцнат на работното место. А, најголем дел сметаат дека ваквите активности треба да се вршат во текот на ноќните часови кога фрекфенцијата на сообраќај е намалена.