Најсилниот земјотрес кој некогаш ја погодил Македонија е скопскиот од 1963. година. 

На 26-ти јули 1963-та година во 5:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала), а помали потреси имало до пет часот и 43 минути.

Потресот траел 20 секунди, биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000, додека над 200.000 луѓе останале без покрив над главата. Под урнатините животот го загубиле 1.070 негови граѓани, а биле повредени над 4.000 граѓани.