Колкаво е загадувањето во другите балкански метрополи?

Загадениот воздух ги наполни болниците. Од институтот за јавно здравје предупредуваат дека состојбата е алармантна. Бројот на белодоробни и кардиоваскуларни заболувања се зголемил од 30-40 %, а статиските покажале дека повеќе од илјада луѓе годишно умираат како последица на загадувањето. Лекарите предупредуваат дека освен ризичните категории граѓани, на мета се и пушачите, кај кои се зголемува ризикот од мозочен или срцев удар.

Според анализите кои ги прават експертите за животна средина Скопје е најзагадена метропола на балканот. На скалата според нивото на загаденост најдобри резултати покажува Софија каде што е регистрирана средно ниво на загаденост. Српската метропола, Белград регистрира средно ниво на загаденост каде што концентрацијата на штетните ПМ10 честички е за неколку мерни единици над нормалата. Во групата на малку загадени балкански градови влегува и Загреб со средно ниво на загаденост. 

Скопје е град каде што во последните десет ден состојбата на штетните ПМ честички во воздухот се над дозволеното. Според 17 мерни места низ Македонија каде што се врши мерењето, состојбата со аерозагадувањето е алармантна. Болниците се преполни, 30 до 40% се зголемуваат заболувањата кај луѓето благодарение на нечистиот воздух. Еден од најголемите виновници кој што допринесува за зголемување на аерозагадувањето е самото население.