Кој плаќа најевтинo, а кој најскапo гориво во регионот?

Цените на горивата повторно почнаа да се зголемуваат, но и покрај тоа Македонија има едни од најевтините нафтени деривати во регионот. Бензинот БС-95 во државава се продава по цена од 85,5 денари, додека дизелот чини 78,5 денари.

Според податоците на „tools.eu“, во Словенија литар бензин чини 1,49 евра, односно 91,75 денари, додека дизелот чини 95,5 денари, додека во Хрватска бензинот се продава за цена од 1,52 евра (93,6 денари), а дизелот чини 1,53 евра (94,22 денари). Цената во Албанија е 1,47 евра (90 денари) за литар бензин, додека дизелот се продава за 1,45 евра (89 денари).

Бензинот во Грција чини 1,95 евра (120 денари) за литар, додека дизелот се продава по цена од 1.66 евра (102 денари). Во Србија цената на бензинот 1,55 евра (95,45 денари), додека дизелот чини 1,62 евра (99,76 денари), а во Косово е уште поскапо горивото, односно бензинот чини 1,66 евра (102 денари), додека дизелот чини 1,65 евра (101 денари).

Горивата се поевтини во Босна и Херцеговина, каде што литар бензин чини 1,31 евра (80 денари), а дизелот е 1,27 евра (78 денари) за литар. Додека во Бугарија бензинот се продава за 1,36 евра (83,77 денари), а дизелот чини 1,31 евра (80,69 денари).