Кој има право на регрес за годишен одмор годинава и колку ќе изнесува?

Се зголемува минималниот износ за К-15, кој, за оваа година ќе изнесува најмалку 14.000 денари, велат новите пресметки.

Со растот на просечната плата, расте и К-15. Според пресметките ваквата бројка се добива кога ќе се земат предвид последните просечни месечни плати што ги објавил Државниот завод за статистика и кога од нив ќе се пресмета правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти, пишува Biznispro.com.

Исплатата на К-15 или регрес за годишен одмор законски започна од 1 јули годинава во сите фирми и институции во државата, зошто не постои компанија која е ослободена од плаќање на регрес за годишен одмор кој им следува на работниците. Некои од компаниите им го исплатија К-15 уште веднаш, но многу го чекаат последниот воз.

Целиот текст прочитајте го на специјализираниот портал за бизнис и економија, пишува Biznispro.