Кој цитат го претставува вашиот хороскопски знак? Тој открива многу за вашиот карактер.

Овен

Родените во овој знак се силни и одлучни. Тие се амбициозни и импулсивни личности кои се водени од страстите и можат да остварат што ќе посакаат.

Твој цитат: Јас сум господар на својата судбина. Јас сум капетан на својата душа. – Вилијам Ернест Хенли

Бик

Познати по својата стабилност, Биковите се фокусирани личности кои се одлучни, мирни и кои имаат огромна сила во себе. Никогаш не се знае дали Бикот минува низ тежок период, бидејќи тие вешто го кријат тоа од другите и се носат со работите сами.

Твој цитат: Она што не те убива, те прави посилен. – Фридрих Ниче

Близнаци

Близнаците се најдруштвениот знак од хороскопот. Тие се забавни, експресивни, флексибилни и променливи. Да се биде во нивното окружување значи забава и уживање, а нивниот специфичен и интересен карактер секогаш привлекува внимание.

Твој цитат :  Денот без смеа е изгубен ден. – Чарли Чаплин

Рак

Раковите се емоционални и сензуални личности кои се познати по својата добрина, нежно срце, великодушност и способност да поминат многу предизвици. Мудри се и искрени и лесно простуваат.

Твој цитат: На крајот само три нешта се важни: колку сме сакале, колку долго сме живееле и колку добро сме научиле да ги пуштиме работите кои не се за нас.  – Буда

Лав

Лавовите се родени да владеат со светот. Тие се харизматични, самоуверени и бестрашни личности кои сакаат да бидат во центарот на вниманието. Знаат дека се најдобри и одлучни се тоа да му го покажат на светот. Знаат дека блескаат и секогаш себеси се ставаат на прво место.

Твој цитат: Вашата љубов ме прави посилен. Вашата омраза ме прави незапирлив. – Кристијано Роналдо

Девица

Перцептивни и многу аналитични, Девиците се многу практични кога станува збор за решавање на проблемите. Тие знаат да им помогнат на оние кои не можат да си помогнат себеси, и ќе дадат се од себе за сите луѓе кои им значат.

Твој цитат: Не си живеел ако не си во можност да направиш нешто за некој кој не може да ти се одолжи за тоа. – Џон Буниан

Вага

Вагите се мирољубиви, љубезни, грижливи и емотивни. Тие се личности кои одлично знаат да соработуваат со другите и се големи дипломати. Дефинитивно прават другите да се чувствуваат пријатно со нив и секогаш го бараат најдоброто во луѓето.

Твој цитат: Кога ќе престанеш да очекуваш од луѓето да бидат совршени, дури тогаш можеш да ги сакаш онакви какви што се. – Доналд Милер

Шкорпија

Шкорпиите се многу интелигентни, интуитивни и амбициозни. Нивната страст е огромна поради нивната интензивна природа. Знаат како да успеат во животот и оставаат трага на сѐ што прават. Тие навистина можат сѐ.

Твој цитат: Да се биде најбогат во гроб, навистина не значи многу. Јас сакам да отидам на спиење знаејќи дека сум направил нешто навистина посебно. Тоа ми значи. – Стив Џобс

Стрелец

Стрелците се енергични, возбудливи и секогаш авантуристи. Сакаат да живеат во целост и не се плашат да ризикуваат. Сакаат да патуваат и да стекнуваат нови искуства, а мразат да бидат заробени на едно место.

Твој цитат: Патувај, колку можеш, колку подалеку можеш и колку подолго. Животот не е замислен да се живее на едно  место.

Јарец

Јарците се посветени, трпеливи и грижливи. Тие ценат софистицираност во живото и сакаат да бидат окружени со свет кој самите си го одбрале. Многу се верни и лојални.

Твој цитат: Животот ти е даден, а твоја должност е да пронајдеш нешто убаво во него . –Елизабет Гилберт

Водолија

Креативни, досетливи и револуционерни личности. Тие се многу неконвенционални и динамични и секогаш ги средуваат сите ситуации во кои ќе се најдат. Имаат огромно срце, се грижат за светот и секогаш сакаат работите да бидат добри.

Твој цитат: Нашата примарна улога во животот е да си помагаме едни на други. А, ако не можеш да помогнеш, барем не повредувај. – Далај Лама

Риби

Рибите се големи идеалисти кои се романтични и сензуални. Исто така, се чувствителни на потребите на другите и многу сакаат да помагаат. Секогаш  чувствуваат длабоко и даваат без очекувања. Лесно ги допираат туѓите приказни и емоции.

Твој цитат: Најголема работа која можеш да ја научиш е да сакаш и да бидеш сакан за возврат. – Мулен Руж