Кои вработени ќе земат повисока јануарска плата?

Од јануари 2018 година сите припадници на Армијата на Република Македонија ќе добијат зголемување на платите за 10 проценти.

Ова доаѓа како резултат на долготрајните договори што се водеа во Владата, но и во Министерството за финансии не само да се обезбедат повеќе средства за одбраната во 2018 година, туку и да се обезбедат доволно финансиски средства за сите припадници на армискиот состав, оние кои се во служба на армијата од јануари 2018 да добијат покачување на плата во износ од 10 проценти.

Во буџетот за 2018-та година, предвиден е и пораст на платите на докторите и медицинските срества во јавните здравствени установи, а планирани се и зголемувања на платите во основните и средните училишта и во градинките. Покачувањето ќе биде за 5 проценти, или во просек за околу 900 денари.