Кои се најфреквентни улици во Скопје?

Скопјани се секојдневно сведоци на сообраќајните метежи. Градските и општинските власти напорно работат на изнаоѓање на нови, поквалитетни сообраќајни решенија.

Доказ за тоа се новите кружни текови и најавените подземни улици. Но, Скопје е град кој постојано се шири, па така гужвите се составен дел од секојдневието. Сите знаеме дека најголемите гужви се наутро, околу осум часот и попладне, по 16 часот, кога луѓето си одат од работа.

Според Центарот за управување и контрола на сообраќајот, со новите системи кои се инсталирани во главниот град, најголемата гужва и фреквенција се создава во скопската населба Автокоманда, во општина Гази Баба. Крстосницата на булеварот „Александар Македонски“ со улиците „16-та македонска бригара“ и „Интернационални бригади“ дневно ја поминуваат до 60 илјади возила. На неделно ниво, во насока од хотелот „Континентал“ кон излезот на Скопје поминуваат 170 000 возила. Главната причина што оваа крстосница е волку оптеретена е нејзината локација. Влезот во градот од автопатот, како и улиците кои водат до едни од најгусто населените населби во Скопје, како Аеродром, Центар, Железара, па и самата Автокоманда.

Во конкуренција најфреквентни крстосници, на оваа од Автокоманда, друштво и прават онаа пред Домот на печат, односно ЕУ Инфо Центарот, кај Мавровка и онаа кај Соборниот храм. Не треба да чуди фактот што градските власти, работат на решавање на проблемите со метежот токму на овие локации. Како што е познато, планираната подземна крстосница која ќе поминува позади „Рамстор“ се очекува да превземе голем дел од товарот на соседните булевари. Преку неа, буквално ќе бидат директно поврзани Капиштец и Црниче, со тоа што секој кој сака да го избегне најтесниот центар на градот ќе може да го заобиколи, додека главните булевари и улици ќе бидат порастеретени. Проширувањето на „Св.Климент Охридски“ исто така допринсе за намалување на метежот. Од пред неколку години, булеварот со своите шест ленти одговара на фактичката состојба и го поврзува северниот и јужниот дел на центар.