Кога се очекува да падне првиот снег во Скопје?

Според долгорочните прогнози, првите услови за врнежи на снег во градовите, метеоролозите ги најавуваат кон крајот на ноември. Според истите предвидувања кои треба да се земат со резерва, со оглед на тоа дека станува збор за долгорочни прогнози, зимава барем до Нова Година, нема да има некои поинтензивни снежни врнежи.

Во деновите пред Нова Година се очекува дожд и услови за снег но без негово задржување на земјата. Во наредните неколку денови се очекува пад на температурите и невреме.