Кога ќе престанат да ви пишуваат, претпоставувате дека се зафатени. Можеби се со нивните пријатели, можеби работат. Можеби заборавиле да ви одговорат. Се обидувате да не ги сфаќате нештата лично, барем не сѐ уште. Сѐ уште им верувате. Сѐ уште се надевате дека ова е поинаква, поубава приказна.

Покрај сѐ, нештата одеа одлично. Минувавте многу време заедно, смеејќи се, држејќи се за раце, заспивајќи и будејќи се заедно. Вашето срце одамна не се чувствувалo така. Не се чувствува така за никој друг. Тоа мора да значи нешто, нели?

И, сепак... не слушате ништо од него.

Го проверуваш телефонот, се надеваш дека ќе го видиш неговото име. Но, не се појавува, ниту еднаш. Се обидуваш да му пишеш, да го прашаш како е, но знаеш подобро од тоа.

Знаеш како одат овие нешта.

Почнуваш да се преправаш дека не се грижиш. Си кажував себеси дека и онака не беше заинтересирана. Кога пријателите ќе прашаат што се случува со вас, ноншалантно се обидуваш да ја смениш темата. Не им зборуваш на луѓето за тоа.

На крајот на краиштата, што има да се каже? Можеш да им кажеш дека те боли и дека срцето ти е скршено, но не сакаш да изгледаш слабо. Не сакаш да им признаеш дека повторно го дозволи истото, дека ги спушти ѕидовите кои ги градеше со години, чекор по чекор, тула по тула, за некој да ги турне и уништи толку брзо. Не сакаш да им кажеш дека сето тоа беше залудно.

Но, полека го правиш тоа. Престануваш да го проверуваш телефонот, престануваш да се надеваш дека ќе стигне порака, некаков глас. Го избриша неговиот број, ги избриша пораките, сите повици. Се преправаш како тој да не постои и полека тоа почнува да ти успева барем некогаш. Зборуваш со своите пријатели за него. Признаваш дека си разочарана. Им ветуваш дека нема да сакаш повеќе.

Престануваш во глава да создаваш сцени како би било. Престануваш да се убедуваш себеси дека тој ќе сфати што изгубил. Највеќе од сѐ, престануваш да сфатиш каде тргнало на лошо. Престануваш да се надеваш дека би можело да биде поинаку, дека нештата би биле поинакви ако ти се однесуваше поинаку.

Но, потоа сфаќаш дека не е до тебе. Не е нешто што си кажала или направила, или пак не направила. И, можеби не е до него, колку до вистината дека некои луѓе едноставно не се за нас.

И, така полека се ослободуваш од идејата за него, и од идејата да имаш нешто повеќе со него.

Поминуваш покрај рестораните кадешто јадевте, кафулињата каде го пиевте своето попладневно кафе заедно, местото кадешто ве бакна за прв пат. Го паметите, ги паметите сите мали моменти и чувствувате болка, која некогаш изгледа толку силна, како да ќе ви пукне срцето.

Но, по некое време минувате на тоа место и наместо болка, се насмевнувате. Затоа што учите дека да се биде бесен и да се гледа наназад со омраза не ви помага воопшто. Не ви помага ни вам, а ниту ни него, највеќе поради тоа што веројатно него тоа воопшто не го интересира. Понекогаш посакувате да си кажевте „нормално збогум“, да зборувавте, но со тек на време не се мачите со таа помисла. Престанувате да посакувате.