Кога ја губиме силата?

Дали понекогаш мислите дека не можете да продолжите понатаму? Дали понекогаш мислите дека немате сила за ништо? Многупати се чувствуваме изгубени во времето и просторот, обземени сме со премногу работи одеднаш и се чувствуваме како да не можеме ниту да станеме од креветот.

Сте се запрашале ли зошто е тоа така? Зошто немаме сила кога физички со нас се е во ред? Кога сме поздрави од било кога, а и животот ни е помалку или повеќе доведен до ред? Можеби ние ги имаме одговорите на ова прашање. Пронајдовме интересен поглед на работите од страна психологоот Јулија Минакова која ни кажува кога ја губиме силата. Па кога ќе прочитате кога ја губите силата, можеби и ќе најдете начин како да се откажете од некои работи и да престанете залудно да трошите енергија и драгоцено време.

Губиме сила кога:

...велиме „ДА“ кога сме сакале да кажеме „НЕ“.

...се смееме, а всушност сакаме да плачеме на цел глас.

... не одмараме кога би требало да го правиме тоа.

...се присилуваме себеси да трпиме уште малку повеќе, наместо да се запрашаме: „А за која светла цел јас се ова го проживувам?“

... се навредуваме, наместо да ја прашаме личноста за нешто што нам ни е потребно.

... не ја работиме работата која ја сакаме.

... личноста не ни е интересна, но и понатаму продолжуваме да се дружиме со неа.

... луѓето покрај нас во поголемиот дел од времето зборуваат негативни работи.

...трачариме.

...кога постојано и емоционално зборуваме за тоа како зборуваат другите.

... кога работиме досадна и неинтересна работа.