Одредени финтес тренери препорачуваат да се вежба рано наутро, затоа што тогаш е најверојатно дека нема да имате проблеми со распоредот на обврските и така најверојатно ќе вежбате поредовно.

Плус, оние кои вежбаат рано наутро често велат дека утринското вежбање им помага да имаат повеќе енергија и со тоа се попродуктивни во текот на денот.

Но, ако не сте баш од оние луѓе кои милуваат да се будат премногу рано и стресна ви е помислата да се разбудите во 6 наутро за да вежбате, имаме добра вест за вас: Најефективно вежбаме подоцна во денот.

Истражувањата покажуваат дека нивото на силата и флексибилноста е највисоко во некаде во подоцните часови на попладнето. Истражувачите велат дека ова се случува поради нашиот телесниот часовник кој влијае на малото подигнување на телесната температура во текот на денот и да ја достигне кулминацијата во подоцнежните попладневни часови.

Секако, не значи дека ако вежбате наутро дека сте осудени на пропаст. Ако го правите тоа редовно, тогаш можете да си ја подобрите кондицијата и разликата. Истражувањата покажуваат дека спортистите кои вежбаат наутро ги подобруваат своите резултати и стигаат до нивоата на оние кои вежбаат попладне. Најдобро време за трчање наутро е околу 7 часот наутро.

Некои луѓе вежбаат аеробик веднаш откако ќе станат, пред да јадат, затоа што мислат дека така ќе согорат повеќе калории. Иако има докази кои го поддржуваат ова, сепак ова е само привремено. Истражувањата велат дека не нуди некои поголеми предности.

Велат дека ако вежбате навечер, тоа ќе ви го поремети сонот. Но, истражувањата не нашле докази кои би го поткрепиле ова тврдење. Едно истражување со помлади луѓе покажало дека вежбањето воопшто не било поврзано со нивното спиење и добар сон. Друго истражување со постари луѓе покажало дека полесни вежби околу 7 и 8 часот навечер биле исто толку ефективни како и утринските вежби, особено во однос на квалитетот на нивниот сон.

Се разбира, сите се различни, па сосема е можно дека ноќното вежбање вам може да ви влијае на сонот. Но, единствен начин да дознаете дали е така е да пробате.

Во глобала, најдоброто време за вежбање е кога вам ви одговара. Ако вежбате во различни делови од денот, осигурајте се дека го следите вашиот прогрес. На тој начин ќе знаете кога вашиот телесен часовник е виновен за вашите послаби резултати.