Сите мислат дека тие се оние кои ги сакаат другите, но дека љубовта не им е возвратена. Но, такво нешто никогаш и не постоело.

Тоа е спротивно од законитоста, тоа е спротивно од Дармата и спротивно од највисокиот закон на животот. Кога Ти сакаш, тогаш љубовта доаѓа во Тебе. Ако не доаѓа, тогаш оди некаде уште подлабоко, затоа што некаде си направил нешто друго во името на љубовта.

Еден наемен работник го запрашал својот работодавец, богат селанец, дали може да му ја позајмни колата на 30 декември. Имало уште месец дена до тој датум.

„Нема проблем, само кажи ми зошто ти е потребен автомобилот?“
„Тој ден ќе се женам.“
„Супер, а која е среќната убавица.“
„Уште не сум одлучил, но прво сакав да бидам сигурен дека ќе имам автомобил за свадбата.“
Неважни работи. Прво сакаш да бидеш сигурен за неважните работи и потоа веруваш дека важните работи ќе се случат сами од себе. Промени го овој поглед. Прво мисли на важните работи. Што е тоа што е важно? Главната работа е причината, не и последицата.  Другите луѓе не се пресудни, туку ти. Без оглед на тоа што ти се допаѓа, ти си тука за го оствариш тоа.

Луѓето мислат дека суштинското некако самото ќе си дојде, доколку тие се грижат за несуштинското. На пример: Луѓето веруваат дека би биле среќни доколку заработуваат доволно пари. Тоа не оди така.
Кога некој е среќен, тогаш тој е богат. Среќен човек не може да биде ништо друго освен богат. Тој можеби нема да поседува скапи работи, но сепак е богат. Тој може да биде и просјак, а сепак да биде богат. Но, вие сакате да верувате дека треба прво да имате многу пари и верувате дека ќе ве направат среќни. Тоа никогаш не се случува по тој редослед, затоа што богатството не е извор на среќа.
Радоста е секогаш причина за богатство. Вие мислите дека важните работи доаѓаат сами од себе. Обидете се да погледнете подлабоко во вашето срце и внимавајте на она што е важно. Бидете среќни! Сега, во овој момент, вие можете да бидете среќни. Никој не ве спречува во тоа. Ако сега во овој момент не можете да бидете среќни, тогаш никогаш нема да бидете среќни, затоа што среќата нема никаква врска со иднината.
Среќата не знае што е утре, затоа што среќата не зависи од ништо. Таа е едноставно едно држење, став. Вие можете сега и веднаш да бидете среќни баш онакви какви што сте. Обидете се едноставно да бидете среќни без причина. Ќе бидете изненадени дека можете да бидете среќни и без причина.

Можете да бидете среќни. Обидете се. Досега сте се обидувале по обратен распоред. И не заборавајте да барате виновници. Тоа е сигурен пат да го промашите сопствениот живот.

 

Ошо