Казнети и затворени повеќе ланци на големи маркети

 Казнети и затворени се повеќе ланци на големи маркети во Скопје (Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода и Бутел) и Струга, соопшти вчера директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.

- Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и Одуките на Владата. Исто така, нема да дозволам никој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните - потрошувачите!, напиша вечерва на својот Фејбук профил Трајковски. 

Тој апелира до сите трговци, дека нема да има компромис, ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните.