Карпошани на референдум ќе се изјаснат за мигрантите

Советниците од Општина Карпош едногласно ја прифатиле Предлог-одлуката за распишување на референдум на локално ниво.

– Карпошани преку референдумот ќе се изјаснат во врска со населувањето и локалната интеграција на мигранти, на територија на Општина Карпош – пишува во соопштението од Општината.

Референдумот на локално ниво ќе го спроведе Општинската изборна комисија Карпош и општинските избирачки одбори.