Општина Карпош донесе одлука за реконструкција на градинката „Мајски цвет“ лоцирана во населба Тафталиџе 1. Со реконструкцијата, подобри улслови ќе се обезбедат за повеќе од 140 деца.

Градинката ќе се реконструира со сретства кои ќе се обезбедат преку долгорочен кредитен заем. Оваа реконструкција е дел од втората фаза на проектот за подобрување на услугите кои ги нуди општината. „Мајски цвет“ е изградена во далечната 1964-та година и одтогаш на неа се изведувани само минорни реконструкции. Со реконструкцијата ќе се опфати површина од 1 200 квадратни метри, односно капацитет за воспитување и едукација на околу 140 дечиња.

Дискусијата и усвојувањето на сретствата за реконструкција на градинката беа дел од 58-мата седница посветена на буџетското распределување на Општина Карпош за 2016 година.