Какво време не` очекува на почетокот од наредната недела?

Во сабота претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне продор на нов влажен бран од Медитеранот и нови врнежи од дожд.

Максималните температури од 7 до 17 степени. Во недела во утринските и претпладневните часови нестабилно со врнежи од дожд, кои попладне ќе престанат. Дневните температури во пораст и ќе се движат од 9 до 19 степени.

Порастот на максималните температири ќе продолжи и во понеделник и вторник кога се очекува стабилизација на времето и надпросечно високи температури за овој период од годината.

Во понеделник умерено облачно со сончеви периоди и температури од 11 до 20 степени, а во вторник претежно сончево со локална облачност и невообичаени високи дневни температури од 13 до 22 степени.

Weather4all.com.mk