Какво време не очекува денес и во текот на наредната недела?

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне во северните делови ќе има краткотраен слаб дожд, а на планините слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во Пелагонија повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи од минус 3 до 4 степени, а максималната ќе биде во интервалот од 12 до 20 степени целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со краткотраен дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе изнесува 0, а максималната 17 степени целзиусови.

Од понеделник, под влијание на јужно воздушно струење ќе преовладува стабилно, суво и топло време со пораст на утринската и дневната температура.