Како се губи правото на регрес за годишен одмор (К-15)

Според движењето на нето и бруто основицата (просечата нето, односно бруто плата на ниво на Македонија) во последните три месеци, износот на К-15 кој треба да им се исплати на работниците до крајот на месецов изнесува минимум 9.165 денари, а максимум 13.470 денари.

За фирмите кои се уште не исплатиле, имаат уште една недела да ја финишираат оваа законска обврска бидејќи во спротива, за нејзино неисполнување предвидени се парични и затворски казни за работодавачот.

Меѓутоа, некои компании не се обврзани да исплатат регрес за годишен одмор

Компаниите кои ќе прокнижат лош финансиски резултат во тековната година имаат право да исплатат К-15 во износ понизок од законски утврдениот минимум. Некои компании може да исплатат дури и 1 денари на оваа основа.

К-15 не им следува на сите вработени!

Исплата на к-15 не треба да очекувате доколку е исполнет еден од следните услови:

1. Вработен сте во некоја јавна институција, односно во јавниот сектор. Вработените во јавните институции се уште немаат право на к-15 бидејќи со нивниот Колективен договор од 2010 тоа не е пропишано.

2. Имате стаж во фирмата кој не е подолг од шест месеци со што автоматски не ви следува исплата на регрес за годишен одмор. К-15 се исплаќа само на работниците кои се пријавени кај ист работодавач најмалку шест месеци

3. Доколку работите кај еден ист работодавач подолг период од шест месеци меѓутоа имате прекин во работниот стаж.