Kако изгледа врската со проститутка – Овие мажи одлучиле јавно да проговорат за тоа

Да се биде во врска со „ваква“ девојка може да предизвика голема доза на љубомора кај некои мажи, но оние „поискусните“ тврдат дека нема потреба за паника. Нивните девојки само се занимаваат со најстариот занает на светот и ништо повеќе.

Членовите на форумот „Reddit” ги изнеле своите искуства во јавност и еве како стојат работите.

Врската со „ваква“ девојка може да предизвика голема доза на љубомора кај некои мажи, но оние „поискусните“ тврдат дека нема потреба за паника. Тие велат дека нивните девојки само се занимаваат со најстариот занает на светот - и ништо повеќе.

Целата приказна започнала на форумот на споменатиот сајт, кога еден несигурен маж открил колку му е непријатно тоа со што се занимава неговата девојка. Тој додал дека сексот со неа е феноменален и потоа ги прашал членовите на сајтот за совет.

Еден од учесниците во дискусијата, кој и самиот се забавувал со проститутка во минатото го рекол следното: „Бев во врска со проститутка. Често одев по неа кога ќе завршеше со работа. Нашата врска изгледаше како и секоја друга. Лудо се забавувавме и не дозволивме нејзината работа да влијае на нашата врска.

Се` зависи од тебе и од твојот поглед на сексот и интимноста. Интимноста за нас беше поминување време во пар, внимание, емоции и разговарање. И двајцата уживавме во сексот.

Еднаш ме праша дали ми пречи што имала секс со повеќе од 2000 мажи. Одговорот беше – не. Некако и тоа е ослободувачки. Знаев дека видела и пробала се` и дека се наоѓам во златната средина“.

Некои од учесниците во дискусијата рекле дека нивните девојки се почисти и дека повеќе се грижат за својата хигиена и здравје отколку некоја просечна личност.

„Сексот треба да го гледате како активност како готвење или џогирање. Мојата девојка не и` дава значење на својата работа, и тоа мора и ти да го сфатиш“, нагласил еден од учесниците во дискусијата.

Уште еден учесник во дискусијата кој има девојка која се занимава со најстариот занает на светот рекол:

„Тоа што таа е проститутка не значи дека повеќе или помалку ќе ме изневерува. Тоа е нејзината работа. Ако некогаш си работел во техничка поддршка или со луѓе, знаеш дека насмевката која си му ја испратил на клиентот не е најискрена. Мораш да се насмееш за да бидеш успешен во својата работа. Тоа е нејзина работа и точка. Додека работев како продавач во бутик, не одев надвор од работното време во други продавници да услужувам муштерии.“

Повеќетo се сложиле дека несигурните и љубоморните мажи не треба да излегуваат со сексуални работнички. Ако сакаат „ваквата“ врска да успее, мора да преминат преку сопствените ограничувања.