Како да привлечете успешен маж?

Тие се секси, успешни и неверојатно привлечни – алфа мажите често го имаат вниманието на секоја жена во просторијата, но што е потребно за да го привлече неговото внимание? Ова се работите кои би можеле да запалат кај таков маж:

Не се натпреварувајте со него

Ако сте алфа жена, ќе имате проблем со ваков фраер. Алфа мажите не бараат противник, ниту пак некој кој ќе им парира, а баш поради тоа најчесто бираат бета жени. Тоа не значи дека треба да глумите повлечена жена којашто нема што да каже – само треба да го пуштите да мисли дека е ненадминлив и дека не се натпреварувате со него.

Вратете му ја топката

Кога бета маж ќе ве праша нешто за твојот успех, со воодушевување ќе слуша се што имате да кажете. Алфа мажот ќе ве сослуша и многу често ќе заклучи дека не сте му привлечна, затоа што со своите успеси му се приближувате. Ако сакате да го фатите, најпаметно е да му ја вратите топката и да го пуштите да зборува за себе.

Држете се до неговите планови

Дури и ако имате подобро идеја за ресторан, држете се до неговиот план, затоа што алфа мажот, за разлика од нормалниот маж кој е подготвен да прифати и туѓи идеи, ќе добие впечаток дека вашиот обид за промена на планот е напад на неговата супериорност.