Како да го отстраните социјалниот замор

Дали се чувствувате како вашиот живот да е непрекинато социјално случување во кое постојано се среќавате со познајници, седнувате на кафе со стари пријатели, а навечер излегувате со некои нови? Ако не прашувате нас, дијагнозата е: страдате од сериозен социјален замор. Еве како да го средите својот социјален живот за да добиете и некоја минута за одмор.

Бидете немилосрдни

За почеток, морате најважните пријатели да ги одвоите од останатите. Поминувајте време со оние со кои ви е пријатно и кои ќе ви го поправат расположението. Вашето време е скапоцено и затоа трошете го само на оние кои ви значат. Тоа не значи дека треба сите останати потполно да ги исклучите од својот живот, но дефинитивно, приориотет мора да ви биде дружењето со оние кои ве сакаат и кои вие ги сакате.

Направете распоред

Знаеме дека ви изгледа глупаво во својот распоред да ги запишувате договорените средби, но направете го тоа. Освен тоа, во својот распоред дозволете си себеси простор за прошетка, топла бања или лежење и гледањер во таван, што и да ве прави среќни и одморни. Важно е само да си обезбедите време кое ќе биде само ваше. Исклучете го компјутерот, мобилниот и посветете си се само себеси.

Немојте да сте пристојни

Иако можеби ви изгледа премногу остро, понекогаш кажете им на пријателите дека сте зафатени. Немојте да мислите дека треба да сте присутни на секој настан. Кажете „не“, но направете го тоа на тактичен начин. Кажете дека секако би сакале да дојдете, но дека нема да можете и понудете некој друг термин кога ќе бидете помалку зафатени.

Заборавете на стравот

Навистина е време да го занемарите стравот дека ќе пропуштите нешто важно и незаборавно. Не морате секогаш се да контролирате, земете си пауза, седнете на фотелја и длабоко вдишете.