Нивниот блескав оптимизам и верба во иднината се многу силни. Тоа е нешто со што секогаш ги освојуваат другите луѓе. Од своите партнери бараат слобода и никогаш не дозволуваат љубомора. Во моментот кога ќе се заљубат се потполно предадени.

Жена Овен

Независно од тоа колку круто можеби изгледа, оваа жена е една од најженствените знаци во хороскопот. Ако сте се заљубиле во оваа жена, вие сте среќен и храбар маж. Брзо лесно ќе сфатите дека љубовта е дел од нејзиното постоење и дека таа обожава да биде заљубена. Сепак, таа сака слобода и многу лесно ќе се заангажира и со други обврски. Жената Овен мошне успешно може да живее без маж и тоа го прави полесно од било која друга жена која ќе ја запознаете.

Оваа жена го бара херојот од нејзините соништа. Таа не бара џентлмен кој ќе направи сè за неа, туку човек кој ќе ја поддржува и сака. Поради нејзината легендарна нетрпеливост, но и сила која ги плаши мажите, таа секогаш ќе преземе иницијатива и ќе го викне мажот кој и се допаѓа на состанок. Таа има многу недостатоци, но паѓа на оние мажи кои успеваат да одолеат на нејзиниот шарм.

Понекогаш е пресилна, пренапорна и карактерна, но таа е одлична жена. Се предава целосно и со многу емоции и само луѓето кои добро ја познаваат знаат дека таа во себе носи многу нежност, но и попустливост за оние кои ги сака. Таа е ведра  и секогаш полна со изненадувања, што и ги задржува мажите до неа.

Таа бара многу од човекот кој го сака, но и многу дава. Најважно и е да може да биде горда на својот човек. Бара многу слобода, а никогаш не дозволува љубоморни испади. Таа е премногу чесна за да може да биде  со или да сака двајца мажи. Ја нервираат локални фраери и не би можела никогаш да биде со таков човек.

Мажот Овен

Жените имаат чудни искуства со овие мажи. Во еден момент ќе ви донесе страствени изјави на нежност, а во други ќе се однесува како санта мраз. Со својот лик и однесување делуваат мошне помладо отколку што изгледаат, но тие се пријатни личности. Често делуваат нестрпливо, а понекогаш знааат да бидат и многу нетолерантни и безобзирни, но и себични и полни со барања.

Кога мажот Овен ќе се заљуби, неговата непромисленост ги изненадува луѓето. Тој се предава со целото срце, но сигурен е само во едно – дека таа е вистинската жена за него. Кога ќе се заљуби, никогаш нема да ја излаже жената што ја сака.

Тој секогаш инсистира да го има главниот збор, прв приоѓа и се извинува по кавгите. Сака секогаш да е тука за жената кога и е потребен и постојано дава комплименти, бидејќи смета дека тоа е важно за жената која ја сака. Тој секогаш бара начин да заработи и чувствува голема одговорност за жената, но и за семејството.

Од жената бара да биде женствена, но и да има нешто диво во себе. Тој сака независни жени, но секогаш сака да е чекор пред нив. Никогаш немојте да му дозволувате да бидете понизни пред него, бидејќи ќе ве згази мошне брзо.