Како алкохолот влијае на нашата кожа?

Пред да почнеме да пишуваме, ќе кажеме дека ова не е совет дека никогаш не треба да пиете алкохол.

Photo by Adam Jaime on Unsplash

Но, треба да имаме на ум дека алкохолот влијае на различни делови од нашето тело.

Дехидрација: Алкохолот предизвикува дехидрација, а дехидрацијата може да предизвика кожата да изгледа бледо, суво и да биде повеќе склона кон брчки. 

Воспаление: Алкохолот исто така предизвикува воспаление во телото, кое може да се манифестира како „скршени” крвни садови и црвенило на лицето.

Стрес: Овој вид на стрес (како и секој психолошки стрес) може да доведе до зголемување на производството на себум, што ја прави кожата мрсна.

Недостаток на сон: Алкохолот влијае на природното производство на мелатонин во вашето тело и може да предизвика или да ги зголеми симптомите, како што е 'рчењето. Освен тоа, може да се разбудите рано после пиењето, дури и ако сте легнале доцна, што се должи на влијанието на шеќерот во крвта.

Губење на колаген: Шеќерот и едноставните јаглехидрати кои се дел од секој алкохолен пијалок,  може да го оштетат колагенот во кожата преку процес наречен гликација - не секој алкохолен пијалок е натоварен со шеќер, но многу коктели се!

Темни кругови: проширувањето на крвните садови од алкохол може да направи пределот под очите да изгледа повеќе виолетов или црвен, во зависност од тонот на вашата кожа. Надополнети со недостаток на висококвалитетен сон, овие длабоки полумесечини може да изгледаат дополнително истакнати после ноќно излегување, што не треба да нè изненадува.

Постоечки кожни заболувања: Алкохолот е вообичаен предизвикувач за појава на црвенило и егзема, така што оние со претходно постоечки кожни заболувања треба да бидат дополнително претпазливи. 

Дали откажувањето од алкохол е единствената опција за подобро здравје на кожата? Не, дефинитивно не. Како и повеќето аспекти на благосостојбата, сè е поврзано со умереноста. Можете да ги минимизирате овие негативни резултати правејќи го токму тоа: пијте умерено.