ЈП „Водовод и канализација“ на терен, вршат проверка, површинско чистење и отпушување на сливниците

По вчерашните врнежи на дожд проследени со засилен ветер, екипи на ЈП „Водовод и канализација“ денеска се искочени на терен и вршат проверка, површинско чистење и отпушување на сливниците на територијата на град Скопје.

До четврток во попладневните часови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, но ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

Во понеделник се очекува да биде посвежо, врнежливо и повремено со засилен северен ветер.