Јовановски вети бесплатен паркинг на центарци

Наша цел е да го релаксираме сообраќајот и да го направиме согласно потребите на граѓаните, истакна Дејан Јовановски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Центар.

-Сакаме да направиме нови пешачки патеки, нови пешачки зони, да направиме нови велосипедски патеки, паркинг за истите. Сакаме да направиме пет нови монтажни гаражи. Новитет ќе биде бесплатното паркирање на центарци во својата општина. Исто така ќе обрнеме внимание за лицата со посебни потреби да имаат услови да се движат непречено во својата општина, најави тој.

Јовановски потенцира дека сите проекти ќе бидат прредмет на јавна расправа за да биде сигурен дека она што ќе го прави е навистина потреба на граѓаните.

-Центар ќе го направиме мирно место за живеење и работење, порача тој.

 

new nike air max 2019