Извршителите не одмарале ниту за празниците, се блокирале сметки и пред Божик – велат од иницијативата „Стоп за извршители“.

Причина за зголемување на блокираните сметки велат е во тоа што се очекува новиот закон за извршување со кој меѓу другото предвидено е да се корегира и тарифата за награда и надоместок на извршителите, па затоа сега извршителиоте брзале со наплатата, јавува 24 вести.

– Според наши информации, тие продолжуваат и понатаму со блокада на граѓаните, без разлика дали е петок попладне, дали е празник. Премиерот најави нов Закон, дали тоа ги плаши, дека доаѓа крајот на овој грабеж и сега што може „да се улови во матно“, вели Марјан Ристески – Стоп за извршители.

Во меѓувреме, од канцелариајта на народниот правобранител велат дека претставките до нив се зголемуваат, а извршителите често знаат да го злоупотребат законот за извршување, па дури да остават и деца без основни приходи. Загрижувачки според нив, е што дел од извршителите не ги слушаат препораките од народниот правобранител.