Известување: Утре на територија на Општина Илинден ќе се изврши санација на премин преку железничка пруга

На ден 11.09.2018 (вторник) во период од 09:00 до 14:00 часот на територија на Општина Илинден од страна на Македонски Железници АД Скопје ќе се изврши санација на премин преку железничка пруга.

Санацијата ќе се изврши на железничкиот премин во н.м.Илинден (место викано плац).

За време на санацијата на железничкиот премин сообраќајот ќе се одвива со посебен режим обележан со сообраќајна сигнализација.

Информацијата за пренасочување на сообраќајот за автобусите на ЈСП Скопје ќе биде објавена и на официјалната страна на ЈСП Скопје http://www.jsp.com.mk/

cheap nike air max 90