Изречени 10 казни за оставање на остатоци од земјоделски производи на јавна површина

Градот ги засили инспекциските контроли и веќе почна да изрекува казни.

Во текот на денешниот ден Инспекторатот на Град Скопје спроведе акција на ул. Перо Наков на територија на општина Гази Баба и изречени се десет мандатни платни налози за оставање на остатоци од земјоделски производи на јавна површина.