Изменини во Законот за административни службеници

Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА) преложи до Владата измени и дополнувања на Законот за административни службеници со кои предлага укинување на тестовите за интелектуален капацитет, сертификатите за познавање на некој странски јазик, а предлага и измени на начинот за унапредување на административните службеници.

Нецелисходни се и барањата за меѓународно признатите сертификати за познавање на еден од трите светски јазици, што претставува и финансиско оптоварување за кандидатите без извесност за сигурно вработување.Во однос на постапката за унапредување, сегашното ригидно решение согласно кое административен службеник може на интерен оглас да се унапреди само во едно повисоко ниво доведува до неможност за кариерен развој на административни службеници кои подолго време се на најниски нивоа во рамки на категоријата.Во Законот е регулирано дека оценувањето резултира со мерки за одличен и слаб ефект.Ако целта е подобрување на работењето на администрацијата и на услугите, тогаш сигурно овие мерки не придонесуваат за остварување на истата, пренесува Правдико.

Во однос на постапката за унапредување, сегашното ригидно решение согласно кое административен службеник може на интерен оглас да се унапреди само во едно повисоко ниво доведува до неможност за кариерен развој на административни службеници кои подолго време се на најниски нивоа во рамки на категоријата.

Временската рамка за изготвување на предлог законот е до 08.09.2017 година.