Изложба посветена на скопскиот Телекомуникациски центар

Музејот на Град Скопје, вечерва ќе биде домаќин на изложбата и промоција на делото „Биоградија на едно архитектонско дело: Телекомуникациски центар Скопје“.

Објектот дизајниран од Јанко Константинов, претставува вистинско обележје на градот и едно од најзначајните дела на македонската архитектура. На изложбата меѓу другото ќе бидат претсавени и други дела од македонската архитектура кои ќе понудат ретроспективен преглед на напредокот на тоа поле. 

„Темата на истражувањето е насочена кон утврдување на денешното место, улога и значење на истакнатите примери од модернистичкото архитектонско наследство, преку повторен осврт врз нивната историја“ велат организаторите на изложбата.

Телекомуникацискиот центар, или попознат меѓу Скопјани како Пошта е дизајнирано и изградено во правецот брутализам, кој оставил голем белег во архитектурата на нашиот град во периодот од 60-тите години. 

Фото: build.mk