Изгореа два автомобила во Скопје

Утрово во Единицата за информирање и командување М.М. телефонски пријавила дека истиот ден околу 5 часот во Скопје, на ул. „Алекса Деминиевски" биле опожарени две пакирани возила.

Како што информираа од полицијата се работи за автомобил ауди, со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.П. од Скопје и автомобил мазда. со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Г. од Скопје.

Двете возила се целосно опожарени. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.