Избегнувајте ноќни прошетки на Водно

ЈП “Паркови и зеленило“ – Скопје апелира до граѓаните, поради високите температури што следат наредните денови и опасноста од евентуални пожари, да избегнуваат ноќна посета во парк – шумата “Водно“.

„Истовремено, замолуваме да се избегнува фрлање на отпушоци, правење скара на отворено и сите останати дејствија што се потенцијална можност за настанување пожари“, се вели во апелот.