Ивица Коневски кандидат за градоначалник на општина Аеродром во рамки на промоција на проектите предвидени во изборната програма за претстојните локални избори најави реконструкција на булеварот “Февруарски поход” во населбата Ново Лисиче.

-Станува збор за целосна реконструкција на коловозот, со отстранување на постојниот и поставување на нов асфалт, на потегот од булевар „Видое Смилевски Бато“ до булевар „АСНОМ“ со вкупна должина од 800 метри. Проектот ќе се реализира во соработка со Град Скопје. Дозволете ми да ги поканам граѓаните на претстојните локални избори да го дадат својот глас за мене и за кандидатите од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ на чело со доктор Виктор Камилоски, за да можеме да го реализираме не само овој, туку и други проекти предвидени во изборната програма, изјави Коневски.