Истекува рокот за пријавување: Кои канцеларии на УЈП ќе работат и денес?

Денеска истекува рокот за регистрација во електронскиот систем на УЈП на сите даночни обврзници. Регионалните канцеларии на Управата за јавни приходи (УЈП) ќе работат денеска до 16.30 часот, за сите оние граѓани кои досега не ја завршиле оваа задолжителна обврска.

Но, не и канцелариите во скопските населби Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода, кои денеска нема да работат – оти нивниот последен работен ден беше петокот. Исклучок е канцеларијата во Чаир. Спопменатите канцеларии беа наменски отворени заради пријавувањето.

Според УЈП, заклучно со петокот се пријавиле над 620 илјади даночни обврзници. Од оваа обврска се ослободени само пензионерите кои примаат само пензија.