Искористете ја технологијата за исполнет, но не и преоптоварен живот

Благодарение на социјалните медиуми и паметните телефони, денес имаме пристап до многу нешта и многу повеќе содржини. Но, често користењето на технологиите нѐ преоптеретува и нѐ спречува од уживањето во секојдневниот живот.

Треба да сфатите дека вие сте личност, а не аватар или робот. Важно е да се потрудите да ја направите разликата меѓу тоа колку ви помага, а и колку ве оптеретува технологијата.

Исчистете го екранот

На вашиот екран има цел куп на апликации во различни бои. Нивната цел е да ви го олеснат секојдневието, но и да ви донесат забава во животот. Доколку забележите дека не сте станале од креветот гледајќи на Инстаграм или Снепчет цели 45 минути, тогаш тоа е веќе проблем. Обидете се да ги елиминирате оние апликации кои ви го трошат времето, а не ви носат ништо корисно. Оставете ги само потребните апликации (мапи, календар) и поминете поголем дел од вашето слободно време настрана од технологиите.

Најдете си своја омилена навика

Наместо да поминувате голем дел од времето после работа пред компјутер или телефон, најдете навика која ќе ви го избистри умот, но и која ќе ви помогне да се раздвижите.  Добра идеја е да го искористите телефонот за јога вежби или медитација.

Истренирајте се да го оставите телефонот

Ако вашиот прв импулс е да го земете телефонот за да „убиете време“, тогаш тоа е голем проблем. Ќе бидете зачудени колку убави мали моменти ќе доживеете кога ќе заборавите барем малку на телефонот. Најдобриот начин за тоа е да почнете со малку. Обидете се да инсталирате апликација која ќе го мери времето на телефон и која ќе ве предупредува дека минувате премногу време пред телефонот. Или пак, наместо тоа, на крајот на секој ден запишувајте се што сте постигнале и колку многу сте направиле без телефонот.

Не јадете со телефонот или пред компјутер

Воспоставете правило секогаш да јадете на мир, без известувањата од телефонот или компјутерот. На тој начин, ќе си направите голема услуга.

Исклучете ги нотификациите

Што и да правите, доколку вашите нотификации на телефонот се вклучени, нема никогаш да постигнете ништо. Колку апликации и да користите, овозможете известувањата од нив да ги добивате кога ќе го вклучите телефонот, а не постојано кога тој е до вас. 

new nike air max 2019